Арсими – Шкендија 2:2 е исходот од попладневниот меч во Гостивар. Ова е втор меч во низа на кој тетовци не доаѓаат до победа. Иако Шкендија имаше 0:2, сепак со двата гола на Контрерас, Арсими освои бод а со малку среќа домашните можеа да ги освојат и сите три.
И дефинитивно Шкендија ја “фаќа“ криза, и играчка и резултатска. Но тетовци самите си се виновни, што ли мислеа гостинските дефанзивци на 1:2 кога им подарија гол за 2:2 на домашните. Несфатливо за таков тим како Шкендија. Сепак тоа е фудбалот.
Дуелот започна, по малку и изненадувачки, со напади и агресивна игра на аутсајдеротм на домашниот тим на Арсими. Во првите пет минути домашните имаа три шанси, од кои два зицери на Каба и Гаје, но сепак голманот на гостите Рамани, фантастично одбрани. И како што одминуваше времето Шкендија како да се “разбуди“, како да сфатија тетовци дека мораат подобро. Така и беше. Па во таа 18.минута од слободен удар со прекрасниот гол на Бесарт Ибраими, Шкендија поведе со 0:1, ова за Бесарт е 230.гол во неговата кариера во ПМФЛ.
Се играше 30.минута кога Ибраими асистираше до Меличи а овој од непосредна близина со шут со глава носи водство на Шкендија од 0:2. По тој гол Шкендија како да го намали ритамот, но Алити во 38.минута не успеа да го намали водството, а на другата страна Ндзенгуе во 45.минута во една акција имаше два зицери, просто несфатливо е што не реализира напаѓачот на Шкендија. И кога не е 0:3, казната стигна две минути подоцна, кога Контрерас унаво ја зафати одбиената топка од Рамани за намалување на предноста од 1:2, со тој резултат се замина на одмор.
Во продолжение Шкендија ги контролираше настаните на теренот. Имаше шанси, повторно Ндзенгуе, за зголемување на водството. Домашниот состав се обидуваше со сите сили да дојде до израмнување, а Гони во 60.минута имаше супер шанса за 2:2, ја погоди стативата, и тетовци имаа многу среќа.
Затоа Крстевски во 68.минута сам си се избори за шанса, убаво шутираше, ама Силјановски прекрасно одбрани.
Во таа минута по подолга пауза во игра влезе Марко Ѓорѓиевски кај Шкендија, влезе и Рафаел Фреитас.
Во 80.минута катастрофален кикс на гостинската одбрана, која просто му ја даруваше топката на Контрерас, а овој и тоа како го прфати подарокот и рализираше за изненадувачки 2:2.
Што ли мислеа играчите на Шкендија? Каква катастрофа? Од 0:2 и речиси чиста победа до 2:2.
А во 86.минута само Рамани и пречката не дозволија Арсими да дојде и до 3:2. Дардишта прекрасно шутираше, Рамани ја одби таа топка во пречката и го спаси својот гол.
Каков меч во Гостивар?
На крајот 2:2.















