Завршија првите полувремиња од двете денешни средби од 7.коло во ПМФЛ. Арсими – Шкендија 1:2 и Тиквеш – Струга ТЛ 1:2 се резултатите со кои се замина одмор.
Арсими одлично го започна мечот, имаше и два зицери преку Каба и Гаје во првите пет минути, но Рамани беше одличен. Шкендија се созеде, се “разбуди“ а во 18.минута дојде и до водство со прекрасниот гол од слободен удар на Бесарт Ибраими. Ова е негов 230 гол во кариерата во ПМФЛ. Во 30.минута Ибраими центрираше а Меличи ја “закова“ топката во мрежата на домашниот голман Силјановски за 0:2.
Сепак на одмор се замина со 1:2 откако Контрерас успеа да ја затресе мрежата на Рамани.
Во Кавадарци домашниот состав, во дербито на ова коло, Тиквеш поведе со голот на Лусианињо во 13.минута, кој го искористи киксот на Рочи и го совлада Василев. Пет минути подоцна Струга ТЛ со голот на Агамах израмни, откако претходно Хамза асистираше.
Во 43.минута Струга ТЛ со целосен пресврт, Хамза одново асистираше а сег Радески “тресе“ за водство од 1:2 за гостите.















