Единствениот денешен меч од ПМФЛ програмата се игра во Куманово, каде што домаќинот Башкими го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар.
На полувреме со многу пожртвувана, борбена, и паметна игра, тимот на Башкими води со 2:1.
Фати Исмаили по еден одлично изведен корнер реализираше за 1:0, во 21. минута.
За да во 33. минута Да Силва зголеми на 2:0 минувајќи го високо излезениот Давор Талески.
Хоророт за актуелниот првак во овој дел од мечот го намали, Давид Бабунски кој што на асистенција од десно, убаво погоди во домашната мрежа иако пред него имаше голем број на домашни но и гостински играчи.















