Денеска во Прилеп, иако во меч од Трета лига – 4, на мечот ГФК Победа – Превалец, кој заврши со победа од 6:0 за домашниот тим, на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп имаше околу 3.000 гледачи. Секако дека ова е најголем доказ дека фудбалски Прилеп посакува, сонува, очекува во најскоро време на овој кулетен стадион за мак – фудбалот да се играат и прволигашки фудбал.
Инаку ова е таа „нова“ Победа, клуб кој ова лето беше формиран. Иако има таму меѓу фановите има некои “проблеми“, некои бојкотираат, некои не.
Сепак едно е јасно, фудбалски Прилеп заслужува елитен фудбал во Македонија.
Фотографиите од денешниот меч најдобро го говорат тоа.










