Рибеиро најавува „пекол“ во Куманово за Вардар: Со полн стадион до победа против фаворитот

66

Актуелниот шампион, тимот на Вардар денеска од 16:00 часот гостува во Куманово, каде што домаќинот Башкими ќе се обиде да го направи во моментов веројатно најголемото изненадување во досегашниот дел од шампионатот.

Кумановци лошо почнаа, но полека се рехабилитираат, играчки пред се, а ги освоија и првите бодови со победата над Скопје.

Сега, осоколени од тој триумф посакуваат и сензација против објективниот фаворит.

„Пресметките против Вардар секогаш носат посебен мотив и емоција. Сакаме полни трибини и нова победа за продолжување на низата. Ги поканувам сите навивачи да ни дадат ветер во грбот, па на крајот заедно да славиме“, порача Рибеиро.

 

ПретходноЛиверпул повторно без Гакпо, Баркола доби „зелено светло“ за настап
СледноПораз на Македонија У15 од Молдавија