Мбапе: Не гледам подобар од мене, заслужувам да ја освојам Златната топка

32
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Килијан Мбапе верува дека оваа година има сериозни аргументи за освојување на „Златната топка“, иако со Реал Мадрид и Франција не стигна до трофеј.

Францускиот напаѓач во интервју за „Л’Екип“ порача дека не гледа фудбалер кој бил подобар од него во изминатата сезона. Мбапе постигна 25 голови во Ла Лига и 15 во Лигата на шампионите, а на Светското првенство стигна до бројката од 22 гола во кариерата. Токму со тоа го надмина Лионел Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите.

„Луѓето велат дека немам освоено ниту еден трофеј? Никогаш не сум видел ‘Златна топка’ која едногласно ги исполнувала апсолутно сите критериуми. Дали некогаш постоел некој кој ја освоил ‘Златната топка’ со 100 отсто од гласовите? НЕ. Тоа значи дека секогаш постои некој кој смета дека тој играч не ја заслужил. Да се биде најдобар стрелец во историјата на Светското првенство е нешто што длабоко се врежува во сеќавањето. Да се биде најдобар стрелец на сите најважни натпреварувања на кои играат најдобрите фудбалери – не знам дали тоа некогаш било постигнато. Секогаш тргнувам од принципот дека историскиот успех мора да биде награден. Кога ќе ги разгледате аргументите, кога ќе ја погледнете конкуренцијата… Си велам: доколку ја освојам, тоа нема да биде неправедна одлука“, истакнува Мбапе.

Мбапе досега никогаш не ја освоил наградата, а најдобар пласман му е третото место во 2023 година. Сега 27-годишниот Французин се надева дека конечно ќе стигне до најголемото индивидуално признание во светскиот фудбал.

ПретходноПМФЛ: Вардар со победа во Куманово доаѓа на само -3 бода од Шкендија!
СледноИзраел ќе се обиде да ја „измори“ Полска пред утрешниот дуел со Македонија