Попладнево во Ѓорче се одигра првиот меч од 5.коло во ВМФЛ. Домашниот состав на Македонија ЃП славеше со 1:0 и тоа против тимот на Камјани. Стрелец на победничкиот гол беше Стефан Темелков во 70.минута кога се најде во идеална ситуација и не му беше тешко да ја затресе мрежата на гостите од Камењане.
Добар, интересен меч на кој “Лавовите“ беа подобри и заслужено дојдоа до својата втора победа сезонава.
Нема што, Боби Стојковски и дефинитивно знае како од својот млад состав да го извади максимумот.
Утре се играат останатите мечеви од 5.коло, додека дуелот Работнички – Брера е одложен.










