Може не е Гроф ама затоа му одржа лекција на познатиот тренер

410

Еден ама голем и тоа прв бод на домашен терен во оваа сезона за екипата на Башкими. Вардар остана со „празни“ раце и во голем шок во „лудиот“ натпревар во Куманово, натпревар кој ретко се гледа на терените низ земјава ако се гледа текот на резултатот во текот на сите 90 минути. Победникот е Шабан Сулиман, тренерот на домашните кој откако го превзема тимот, Башкими игра се подобар фудбал и веќе собра 4 бода а тоа беше тимот кој веќе беше прежален како испаднат уште по 5 кола во домашниот шампионат. Можеби нема ПРО лиценца на УЕФА, можеби работи во скопско јавно претпријатие – но затоа му одржа фудбал на фалениот Гроф Божовиќ и останатите експерти во „црвено-црниот“ тим кои уште живеат на стара слава и не се свесни за катастрофата која му ја направија на клубот во изминатите неколку месеци. Катастрофа која има длабок траг и затоа ваквите игри и резултати како денешниот со Башкими ќе ги има уште многу во оваа есен. Шабан Сулиман им покажа на богатите и шампионски ривали како се бираат странски фудбалери и какви играчи од надвор поминуваат во Македонија. Рашид е играч каков во Вардар немаат, немаат затоа што не знаат. Немаат затоа што доведоа „криминални“ засилувања со милионски суми на пари и провизии од кои дел ги нема а останатите се или невидливи или повредени (барем така кажуваат).

А Вардар остана само на Закариќ кој го носи тимот на свој грб на последните два меча. Денеска стигнаа од 2:0 негатива до 2:3 но „со сила нема убавина“ па така стигна казната и голот за 3:3 на домашните во самиот финиш.

Рашид зема помала плата од економот во Вардар

Гол, тензии, големо реми – луди 3:3 и добра атмосфера на трибините. Можеби Вардар е првак, можеби има милиони, но нема таква хемија на публика и тим, нема тим кој знае што сака – стручен штаб кој е стручен и управа која знае да одбере играчи и да ги погоди вистинските. На пример споменатиот Рашид игра за плата од 700 евра во Башкими а во Вардар таа плата ја земаат некои играчи за 2-3 дена. Споменатиот играч можеби зема и помала плата од економот Бајо во таборот на „црвено-црните“ а за останатите и да не зборуваме. Нама правила во фудбалот и затоа е фудбал, но од авион се гледаат катастрофата и лошата организација и менаџирањето на ФК Вардар АД.

Тешко на ваков првак со вакви потези, одлуки и менаџирање. Не е „бечка школа“ како десната рака на Миленко Неделковски, но Шабан Сулиман им покажа како со работа и со знаење може да се „кутне“ и првак кој е далеку од она што треба и може да биде. Аплаузите за Башкими, тежок црвен картон за Миленко Неделковски и Вардар кои не знаат да ја искористат кризата која ја фати Шкендија и да ја намалат бодовната разлика во битката за тронот.

Продолжува „борбата“ на “Комитите“ за смена на комплетното раководство во клубот…

ПретходноКрадците што го претепаа Донарума добија затворски казни
СледноВо дербито на Словенија:Митровски стрела, Тренчовски фати добра серија!