Ракометниот клуб Вардар сезонава е во Лига на Шампиони „филинг“. Нашиот најдобар ракометен колектив повторно е дел од најдоброто друштво на Стариот континент, и веќе го одигра и првото коло. На гости загуби кај Мелсунген, а сега доаѓа она вистинското што се вели.
Домашен дуел во „тврдината“ Јане Сандански. Во Скопје доаѓа Нант, на 16.09.2026 со почеток од 18:45 часот.
Од Вардар како и обично најавуваат спектакл, билетите се веќе пуштени во продажба, а мини кампањата пред овој дуел има работен наслов, Вардарци време е!!!
Да, време е. Време е повторно во Скопје да се почувстува тој Лига на Шамшпиони дух, и да се вратат старите добро познати слики од минатото. Кога овој клуб беше најдоброто во Европа.










