Со головите на Грималдо од пенал во 84. минута односно Џонатан Дејвид во 90., и конечно Симеоне длабоко во судиското продолжение, екипата на Атлетико Мадрид успеа да освои значајни три бода вечерва на исклучително незгодното гостување кај тимот на Реал Сосиедад.
Конечните 0:3, се сплет на околности, концентрација, досудена најстрога казна, и едноставно поквалитетен финиш на тимот на Атлетико, отколку на домаќинот.
Претходно и двата тима, имаа по неколку ситуации пред противничкиот гол, но погодоци се случија дури во самиот финиш на мечот.
Атлетико е четврти со десет бода, додека Сосиедад е на 12 место со седум.










