На Полјаците им здосадило од слаби противници: Потешко ни е на тренинг, отколку на натпревар!

272
ФОТО: CEV.eu

Полската одбојкарска репрезентација со две убедливи победи го започна Европското првенство, очекувајќи го денешниот трет натпревар и тоа против Македонија. Интересно, во таборот на бранителот на титулата веќе посакуваат посериозен отпор од противниците, особено по триумфот над Израел со 3:0, и оној над Португалија со ист резулат. Селекторот Никола Грбиќ призна дека големата разлика во квалитетот не им дозволува на неговите одбојкари да одржуваат вистински натпреварувачки ритам.

„Кога водите со 20:10, што градите? Ништо, само чекате натпреварот да заврши. Разликата во квалитетот е многу голема и едвај чекаме потешки натпревари“, изјави Грбиќ.

Полјаците во првите два меча на нивните противници само еднаш им дозволија да стигнат до границата од 20 поени во сет. Грбиќ најави дека првите натпревари од групата ќе ги искористи и за ротации, па и против Македонија денеска ќе има многу ротации.

Денеска пред натпреварот против Македонија Грбиќ им најавил на своите одбојкари тренинг во сала за кревање товар, а вечерва ќе мора и да играат против нашата репрезентација.

„Тренингот бара повеќе напор отколку победите во групната фаза“, изјавил полскиот селектор за тамошните медиуми.

ПретходноМеси го постигна 19. гол во МЛС и се искачи на врвот на листата на стрелци (ВИДЕО)
СледноНова мајсторија на Митровски, нова победа на Олимпија (ВИДЕО)