Луда победа на Сасуоло против Јуве

48

Последниот дуел од денешната Серија А програма помеѓу екипите на Сасуоло и Јувентус донесе луда завршница во која во десетина минути видовме четири гола.

Во суштина здодевниот до тој момент натпревар доби на интензитет најпрво затоа што најпрво во 65. минута од мечот, Еспосито донесе домашни 1:0.

Едон Жергова во 82. минута израмнува на 1:1, а во 89. минута домаќинот преку Боуви повторно доаѓа до предност.

Сепак, тие 2:1, беа важечки само две минути затоа што Жергова повторно реализира овојпат за 2:2.

Конечно, Василије Аџиќ е херојот за домаќинот затоа што на асистенција на Лауриенте реализираше за 3:2, и конечен домашен триумф.

 

ПретходноОбјаснување зошто голот на Халанд е регуларен (ВИДЕО)
СледноАтлетико со „фото – финиш“ победа кај Сосиедад