Шкендија Арачиново влезе во победничка серија

73

Со голот на Дашмир Елези во последните моменти од мечот, тимот на Шкендија Арачиново на стадионот Чаир успеа да слави со минимални 1:0 над екипата на Скопје и со тоа да го комплетира најновото коло во ПМФЛ шампионатот.

Овој дуел го окарактеризираа доста шанси од кои дел беа промашени, а дел не беа претворени во гол, единствено поради бравурозните одбрани на голманите Наумовски и Столески.

Гостинскиот чувар на мрежата одбрани минимум четири пет зицер ситуации, но немаше снага да одбрани во 87. минута. Кога Елези, на асистенција на убава асистенција успеа на подалечниот дирек да прими топка и да реализира.

Претходно, Селмани имаше неколку ситуации, но Наумовски поуспешен.

Од другата страна младиот Беровиќ на два пати на десетина минути до крајот имаше реални ситуации за 0:1, но во првиот обид шутираше покрај голот, а во вториот Столевски „вади“ топка од гол линија.

Конечно, по четири реми мечеви овој викенд, ова беше прва победа во ПМФЛ шампионатот ова коло.

Ова значи дека тимот на Шкендија Арачиново има три победи по ред во домашниот шампионат, односно четири вкупно. Со 13 бодови во моментов арачиновци се трети на табелата.

 

 

 

 

 

 

 

 

ПретходноСтруга ТЛ договори соработка со Бурсаспор!(ФОТО)
СледноСтручниот штаб на Панатинаикос заврши во болница!