Денеска претседателот на Струга Трим Лум, Арбтрим Ќира беше во посета на ФК Бурсаспор каде беше примен од првиот човек на овој турски клуб, Енес Челик.
Како што велат од таборот на некогашниот двоен шампион на Македонија, претседателите на двата клуба покрај тоа што си размениле дресови на Струга ТЛ и Бурсаспор, договориле и соработка за идниот период. Се воделе конструктивни разговори а отворена е можноста турскиот тим во периодот што следува да дојде во Струга и Македонија, на подготовки.
Секако од стружани упатија благодарност за срдечното гостопримство со верба дека наскоро ќе се изрази силно партнерство.















