Арсими не ја победи Шкендија, ама Арсими и тоа како одигра квалитетно против лидерот на кој му “украде“ два драгоцени бода во битката за титулата, и тоа најмногу по заслуга на Колумбиецот Диего Контрерас, кој ова лето дојде од Партизани на позајмица. Одличен играч, одличен напаѓач, а тоа најдобро го покажа против Шкендија. Тетовци водеа со 2:0, но тогаш на сцена стапи Колумбиецот и со два гола му донесе голем бод на Арсими за конечни 2:2. Токму затоа тој е играч на ова 7.коло.
Покрај него во тимот на колото според “СпортСпорт“ се и Дардишта (Арсими), Столевски и Елези (Шкендија Арачиново), Фал и Хамза (Струга ТЛ), Исмаили и С.Ристовски (Башкими), Лусианињо (Тиквеш),уЗакариќ (Вардар) и М.Стојанов (Брегалница).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ДИЕГО КОНТРЕРАС
Тим: Арсими
Роден: 10.10.2003 во Колумбија
Кариера: Јагуарес, Партизани, Арсими















