Маџунков: Имавме посебна инспирација, не дојдовме овде само да губиме

50
фото: CEV.eu

Последниот натпревар на Евроволеј 26, Македонија го заврши триумфално. Одличната игра во трите сета ни донесе голема победа над Израел и достојно завршување на континенталното првество.

По натпреварот, одличниот блокер Филип Маџунков, не криеше дека целиот тим на денешната средба влезе со посебна мотивација.

„Ова беше натпревар во кој бевме малку поинаку инспирирани. Сигурно не дојдовме овде да губиме со по 3:0. Дојдовме да победиме. Можеби не успеавме да се пласираме во следната фаза, но не се предадовме. Полседниот натпревар го одигравме храбро, достоинствено и на убав начин го завршивме ова Европско првенство, некои и своите кариери“, истакна Маџунков.

ПретходноРакометниот карван продолжува, а следната станица е Струга
СледноФудбалерките до 15 години совладани од селекцијата на Турција