Во последниот натпревар од УЕФА развојниот турнир за девојчиња до 15 години репрезентацијата на Македонија е совладана од Турција со 4:0.
Со овој триумф селекцијата на Турција го освои првото место на турнирот додека на втората позиција се пласираше Црна Гора која во последната рунда славеше со 2:1 во соочувањето против Молдавија.
По три одиграни кола фудбалерките од Молдавија го освоија третото место и тоа благодарение на победата во дуелот против Македонија која настапот во Турново и Струмица го заврши на последната позиција.










