По само неколку месеци пауза, Јетон Беќири му се враќа на фудбалот и на тренерската работа со оглед на тоа дека е пред промоција во екипата на Габала од Азербејџан. Шефот на струката кој беше првак со Шкендија и кој има најдобар резултат со една наша екипа во евро-куповите ќе ја има улогата на „пожарникар“ во новиот клуб кој има лош старт во новата сезона во шампионатот на својата земја.
Галаба има само 4 бода по 5 кола и е во долниот дел од табелата во супер интересниот шампионат во кој три титани се борат за титулата и тоа актуелниот првак Сабах кој игра и во Лигата на шампионите на УЕФА , секогаш силниот Карабах и повторно моќниот Нефчи Баку. Токму Нефчи е следен ривал на Габала но според она што го дознаваме Јетон Беќири ќе почне со работа во новиот клуб и официјално од понеделник за да има доволно време да ја спреми екипата во паузата која следи поради репрезентативните настапи.
Информацијата на СпортСпорт се очекува да биде потврдена во текот на денот од медиумите од Азербејџан или од самиот клуб.
Тони Адамс, Јури Семин… па сега Јетон Беќири
Габала е тим кој пред неколку сезони имаше големи мабиции и моќен буџет откако клубот беше под спонзорство на тајкун од Украина. Тимот е од мал град во кој има одличен стадион и модерен комплекс. Во минатото на клупата на Габала беше и славниот англиски репрезентативец Тони Адамс, познатиот руски тренер Јури Семин а пред Јетон Беќири на клупата седеше грузискиот стратег Кахбер Тсканадзе.










