МЗТ Скопје поразен од ТФТ на турнирот во Битола! (ФОТО)

57

Вечерва во Битола се одиграа полуфиналните мечеви на турнирот “Зоран Петковски – Петкото“. Прво составот на МКК Куманово славеше против домашниот состав на Пелистер, за да во вториот меч, ТФТ со 85;73 го победи МЗТ Скопје. Па така во утрешниот меч за 3.место ќе се сретнат Пелистер и МЗТ Скопје, а во финалето ТФТ и МКК Куманово.

Инаку овој турнир се одржува во чест на неодамна починатиот Зоран Петковски, кошаркат на кој токму Пелистер му беше матичен клуб.

Вечен спомен и со тешко срце за нашиот капитен“ нагласија од КК Пелистер на свеченото отворање на овој меморијален турнир.

Претходно„Шест од шест“: Барса не е од оваа планета!