Љафтов: Може да жалиме за Португалија, но таков е спортот, покажавме зошто сме тука

59
фото: CEV.eu

Македонската одбојкарска репрезентација го потврди своето реноме во европски рамки. Оваа одбојкарска селекција со победа над Израел го заврши своето четврто учество на континенталните собири, а дел од повозрасните веројатно ќе го паметат и како еден од своите најдобри натпревари на овие шампионати.

„Одигравме најдобро, мотивирачки, нешто што требаше да го покажеме и вчера со Португалија. Навистина ќе бевме многу посреќни. Но вчера одигравме еден од полошите натпревари во репрезентативната кариера, но таков е спортот, се случи кога не требаше. За крај, чиста победа од 3:0. Таа самата го покажува нашето вистинско лице“, порача еден од нашите најдобри реализатори и денеска, Александар Љафтов.

ПретходноФудбалерките до 15 години совладани од селекцијата на Турција
СледноТажна вест од Холандија: Почина сопругата на Куман!