Клубот од Украина е нов дом на контроверзниот Герсон Родригес. Сега веќе екс играчот на Вардар по скандалите кои ги направи во Скопје, и беше суспендиран и отпишан од нашиот шампион, реши својата кариера да ја продолжи во Украина.
Напаѓачот е нов играч на тимот на Зорја. Тој од Скопје си замине пред повеќе од еден месец кога Вардар и официјално му го раскина договорот.
Скандалот кој што Родригес го направи на гостувањето кај Струга ТЛ, и суспензијата беа пресудни за неговиот престој во Скопје, кој што беше исклучително краток. Беше доведен како летно засилување, настапи за Вардар во Европа, и на стартот на новиот ПМФЛ шампионат, но поради сериозно орекршување на дисциплината во клубот оправдано неговиот договор беше раскинат.















