ПМФЛ: Тиквеш до бод во Кратово, и натаму трае агонијата на Силекс!

87
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci/

Силекс – Тиквеш 0:0 е исходот од попладневниот меч од 8.коло кој денеска се одигра во Кратово. Кавадарчани заслужено дојдоа до бод, имаа шанси за сите три, а Силекс ја продолжи својата агонија. Ова беше петти меч во серија на кој тимот на стратегот Александар Васоски не знае за победа.

Меч во кој се очекуваше далеку подобра игра, но и Силекс и Тиквеш неа беа на своето ниво.

Силекс со агресивна игра го отвори мечот, или барем беше нешто поактивен. Сепак тоа беше далеку од некоја којзнае каква напаѓачка игра за да дојде во водство. Бутуровиќ во 7л.минута имаше шанса за водство, но шутираше преку гол. Пет минути подоцна гостите се заканија прелу Висдом, но и сега резултатот остана оној почетниот.

Следната опасност по некој од головите ја видовме дури во 36.минута, Хасукиќ од десно шутираше покрај голот на Стевковски кој ја имаше контролата на целата ситуација. Во следниот напад на другата страна Лусианињо беше во добра ситуација, но Џеков одбрани. Па така на одмор се замина со тие почетни 0:0.

Силекс второто полувреме, исто како и во првото, Силекс беше тој што беше поагресивен. Тренерот Александар Васоски направи две измени, Делимеѓац и Шеро добија шанса, на местото на Анѓелески и Мишов. Сепак и ова не беше доволно за да се дојде до шанса или гол. Тиквеш пак организиран во одбраната и се обидуваше од контра да се закани кон голот на домашните.

Во 59.минута Тиквеш можеше да дојде до водство кога убавата акција на дел од кавадаречкиот тим со слаб удар ја заврши Висдом, па на Џеков не му беше тешко да го одбрани тој удар.

Во 73.минута Тиквеш имаше голема шанса, сепак Лукман беше себичен и таа отиде во неврат.

Силекс може да жали, ако се знае дека Велиновски во 90.минута беше во добра шанса, но шутираше над голот на Стевковски.

Па така овој меч заврши без голови, без победник.

ПретходноНека се спротистави некој: Зидан ги шокираше Французите со својата прва голема одлука!
СледноПМФЛ: Шкендија им се врати на победите (ВИДЕО)