Судии за ПМФЛ: Бафто “главен“ во Гостивар, мечот Вардар – Шкендија (А) за Ристовски

133

Од денеска па се до среда на програмата се петте натпревари од 8.коло во ПМФЛ. Последно пред тринеделната пауза поради настапите на нашата репрезентација во Лигата на Нации.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата. Па така денеска во Гостивар, на мечот Шкендија – Башкими главен судија ќе биде Фатмир Бафто, додека на утрешниот меч меѓу Вардар и Шкендија (А) ќе го суди Доне Ристовски.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова коло. Со оглед на тоа дека се игра во среда (23.10), сеуште нема делегирано судии за дуелот Брегалница – Скопје.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО

ДЕНЕСКА – 16 ЧАСОТ

Кратово: Силекс – Тиквеш (Игор Стојчевски)

Гостивар: Шкендија – Башкими (Фатмир Бафто)

САБОТА – 20 Ч

Скопје (ФФМ): Вардар – Шкендија Арачиново (Доне Ристовски)

ПОНЕДЕЛНИК – 16 Ч

Струга: Струга ТЛ – Арсими (Бењамин Керими)

СРЕДА – 18 Ч

Штип: Брегалница – Скопје (/)

ПретходноПолицајци насилно влегле во дом на фудбалер, па го однеле во психијатриска болница
СледноСити има нова ѕвезда: Деби со два гола за 17-годишниот Самба