На Арачиновци им се исполни желбата околу Миленко Неделковски (ФОТО+ВИДЕО)

1297

Таму некаде на почетокот на август кога Вардар загуби од Шкендија Тетово, но и по елиминацијата од евро-сцената стана јасно дека незадоволството кај навиваите на актулениот првак ќе „експлодира“ и ќе кулминира со активен бојкот. Во тоа време кога се побара смена на извршниот директор Милено Неделковски со пост на социјалните мрежи се јавија и од Шкендија Арачиново. Тимот кој е дебитанска сезона во елитата и тим кој вечерва го игра првиот првенствен меч против скопскиот ривал Вардар.

„Се замолуват во Вардар да не го менуваат директорот барем до 20 септември…“, порачаа од Арачиново а алудираа на нивниот дуел со Вардар кој се игра ден порано – 19 септември (денеска).

Ете го дочекаа тој ден и дуелот со Вардар и моментот Миленко Неделковски да биде на функцијата извршен директор на клубот.

Дали ќе биде „баравте гледајте“ – пораката од Вардар и полна мрежа на Шкендија од Арачиново ќе видиме од 20 часот на теренот на ФФМ и покрај малите екрани. Вардар е казнет и стадионот ќе биде празен – без публика.

Арачиновци побараа и ете желбата им се исполнува и како тим со предност од два бода влегуваат во пресметката за ново чудо, нови бодови, нова сензација…

Од друга страна пак Вардар со новиот тренер Миодраг „Гроф“ Божовиќ можеби ја врати дисциплината во играта и во екипата но далеку се игрите и резултатите од она на што треба да наликува првакот на Македонија.

Вардарци бегаат од шарпланинците на Миленко!

Од друга страна пак се појави видео на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден како шарпланинците (кучињата) на Неделковски ги бркаат фудбалерите на клубот во базата во Хиподром. Тоа шо никој не настрада е доказ дека со новиот тренер се врати и кондицијата кај играчите. Спремни се за бегање а тоа треба да го покажат и на терен.

Тешко на оној кој нема да успее да избега. Ќе биде добра „ужина“ за кучињата кои слободно се шетаат низ базата. Шампион, првак, професионалци, Гроф, организација! Молам…!?
Си тера како сака и никој ништо не му може!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vardar.info

ПретходноМартин ја освои пол позицијата за ГН на Австрија
СледноДенови кои дефинитивно недостигаат: Илјадници фанови, полн плоштад и македонски хеори (ВИДЕО)