Шампионот им се врати на победите

205

Актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Вардар повторно обезбеди триумф и им се врати на победите по она лудо реми изминатото коло во Куманово против тимот на Башкими.

Вардарци вечерва на комолескот Петар Милошевски против екипата на Шкендија Арачиново, триумфира со 2:0 со головите на Бобан Николов односно Горан Закариќ, и обата постигнати во вториот дел.

До тој момент, противникот и тоа како парираше, имаше ситуации за водство во првиот дел, но истите не ги искористи, па казната е логично да стигне.

Николов во вистинско време

Првиот дел од овој дуел го одбележаа шансите. И тоа на двете страни. Фазлагиќ може да жали што не реализираше ситуација еден на еден на самиот старт на мечот, за да возврати Давид Бабунски со удар во оквирот на голот на Арачиново. Давор Талески поуспешен во дуелот со Тодоров, за да Мехмед и Закариќ се обидат од далечина. Пиреш со глава за малку промаши.

На стартот на вториот дел, грешката на Личина кој што не расчисти како што треба „асистираше“ за Бобан Николов, кој што погоди за водство во 47. минута.

Закариќ потврдува победа

Шкендија се „пресече“ по ова, веќе не проаѓаше тактиката на контра напади, туку мораше да се стори нешто повеќе на противничката половина. Тоа остави простор во позадина, па затоа во 69. минута на асистенција на Омерагиќ, односно Спахиу, Горан Закариќ погодува за 2:0. Ова беше дефинитивниот удар за противникот кој што реално немаше шанса да се враќа во игра резултатски на овој меч.

ПретходноНов блесок на Томовски во дресот на Битигхајм
СледноКој вели дека Салах не е веќе за сериозен фудбал…. хет трик против Галата за цела Турција на нозе (ВИДЕО)