Димитар Митровски блеска во дресот на Олимпија. Попладнево во меч од шампионатот во Словенија, македонскиот репрезентативец постигна уште еден прекрасен гол за својот тим кој го предводи неговиот сонародник Југослав Тренчовски. На гости кај Копер при резултат 1:0, во таа 45+2.минута Митровски “стрелаше“ за 1:1, за израмнување на резултатот.
Ова е трет негов гол сезонава и трет во серија.
Уште еден доказ дека нашиот Димитар Митровски е еден од клучните играчи во таборот на словенечкиот гигант.










