Чурлинов одново стрелец за Погон (ВИДЕО)

108
ФОТО:facebook.com/PogonSA/

Македонскиот интернационалец и репрезентативец Дарко Чурлинов повторно е стрелец за својот тим Погон. Денеска на гостувањето кај тимот на Пиаст, Чурлинов и неговите соиграчи најпрво имаа водство во 12. минута, за да домаќинот потоа израмни на 1:1.

Сепак, Чурлинов со својот трет гол сезонава во 57. минута од мечот донесе ново водство на гостите од 1:2.

Ова секако е супер вест за Македонија и за селекторот Гоце Седлоски, кој што нужно е во потрага по играчи кои што ќе реализираат во нациоалниот дрес со оглед на неефикасноста во последните неколку мечеви.
За потсетување, македонската репрезентација утре го има собирот по повод мечевите од најновото издание на Лигата на Нациите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pogoń Szczecin (@pogonszczecinsa)

ПретходноХавиер Агире ќе му биде тренер на Столе Димитриевски во Валенсија
СледноМладост Богданци со плакета за РК Вардар по повод успесите и промоцијата на македонскиот ракомет