Пораз на Ѓорческа на ВТА 125 турнирот во Анкара

29

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Анкара. Поуспешна од неа беше Ксенија Зајцева со 2-1 во сетови (57 63 64) за 2 часа и 8 минути. Турнирот е со награден фонд од 115.000 американски долари.

Ѓорческа го доби првиот сет и поведе со 1:0. Таа направи брејк за водство од 4:2 во гемови, но во следниот го загуби гемот на сервис, па потоа нов брејк направи во 12.тиот гем за 7:5. Во вториот сет Ѓорческа по загубениот гем на стартот успеа да изедначи на 3:3, но потоа ривалката ги доби сите три гема до крајот на сетот. Во решавачкиот сет Зајцева поведе со 3:0 во гемови, но Ѓорческа изедначи на 3:3. Ривалката потоа поведе со 4:3, а до крајот на сетот гемовите завршуваа со брејк и тоа значеше победа за Зајцева.

Ѓорческа освои еден поен за учеството на овој турнир.

 

ПретходноТри победи во шест меча за кик бокс експедицијата на Македонија на светското во Италија
СледноМакпетрол со шест медали на “Купот на Шампиони“ во Подгорица