„УСКОК“ изврши рација во Хрватскиот фудбалски сојуз!

54

Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, попладнево „УСКОК“ или канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал во Хрватска, влегол во просториите на Хрвартскиот фудбалски сојуз.

Едноставно „УСКОК“ изврши рација во просториите на Хрватскиот фудбалски сојуз. Истражителите на “УСКОК“ ги пребарале просториите на ХНС за документација поврзана со договори за спонзорство.
Неофицијално се дознава дека се истражуваат наводни нелегални исплати на провизии на луѓе во Хрватскиот фудбалски сојуз за големи договори за спонзорство за кои тие земале заслуги.

Наводно, станува збор за високи функционери на асоцијацијата. Веќе некое време е познато дека „УСКОК“ се интересирал и за Хрватскиот фудбалски сојуз, дури и пред Светското првенство што се одржа на почетокот на ова лето.
Информациите се појавија кога беа поднесени низа пријави против разни спортски здруженија, по апсењата во скијачкиот сојуз и поврзаната истрага во Хрватскиот олимписки комитет.
Да потсетиме дека серија скандали во хрватскиот спорт започнаа кога на граничниот премин кај вработен во Хрватскиот скијачки сојуз беа пронајдени повеќе од 100.000 евра во готово. “УСКОК“ потоа покрена постапка против долгогодишниот директор на здружението, Ведран Павлек, и неколку негови соработници, обвинувајќи ги за организиран криминал, проневера на пари од здружението и перење повеќе од 12 милиони евра преку мрежа на странски компании.

ПретходноТишина е потребна – роман на сеќавањата на авторот Иво Митев-Жиле
СледноБраво Ален: Рустемовски е на чекор до медал на ЕП!