Духот на сениорскиот национален македонски фудбалски состав од денеска го чувствува и стоперот на тимот на Шкендија, Анес Мелиќи. До сега У21 репрезентативецот на Македонија се префрли кај сениорите поради одличните настапи за тимот од Тетово, како во Европа така и во ПМФЛ шампионатот есенва.
Мелиќи заедно со Гаштаров се префрлени од младиите кај сениорите. Тоа е особен чест и задоволство за секого, но и одговорност која мора да се оправда.
„Не очекуваат силни противници. Б дивизијата е голем предизвик за сите. Швајцарија е противникот на кој што мораме да мислиме. Одиме чекор по чекор. Штом ми е даде оваа привилегија да бидам дел од А националниот тим секако дека се надевам и на минутажа. Секоја шанса дадена од селекторот ќе ја искористам максимално“ – рече Мелиќи на собирот на репрезентацијата.
Првиот тренинг на нашиот национален тим е денеска од 18:30 минути секако на комплексот Петар Милошевски во Скопје. На него би требало да се појават повеќето од репрезентативците, освен да речеме дебитантот Христијан Малески кој што денеска го игра дуелот против Арсими до најновото коло од ПМФЛ шампионатот.










