Брегалница го совлада Скопје со минимални 1:0 во последниот натпревар од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Одлуката падна во вториот дел од натпреварот, а човекот кој ја донесе радоста за штипските „сини“ беше Иван Глигоров, кој во 72. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Скопје имаше одлична можност за израмнување преку Гордиќ, но неговиот шут го одбрани голманот Јашар.
За Брегалница ова беше трета победа сезонава, додека Скопје останува на последната позиција со само три освоени бодови.















