Македонската фудбалска репрезентација ја стартува новата кампања од Лигата на Нациите. Имаме пред себе предизвик кој што е новитет за нас, во името на Б дивизијата. Во Скопје утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески ќе се појави репрезентацијата на Швјацијарија, како наш прв противник во серијата мечеви против Словенија, односно Шкотска кои следуваат потоа.
Капитените Енис Барди односно Елиф Елмас секако дека се подготвени за овој настап, премиерен во оваа кампања. Околу нивните очекувања, желбите, амбициите, и се останато, денеска нашите најдобри фудбалери се појавија на официјалната прес конференција пред мечот.
„Очекувам тежок меч, играме со силна селекција. На Мундијалот беа во четвртфиналето. Подготвени сме и се надеваме дека си поволен резултат“ – изјави Елиф Елмас, на што се надоврза, Енис Барди.
„Публиката секако дека ни е потребна. Таа секогаш ни дава сила. Подготвени сме за она што следува знаеме со што се соочуваме. Максимумот секако дека не е тема, тоа се знае дека е така секогаш кога се игра за Македонија така е секогаш“ – се надоврза Елиф Елмас.
„Ова е наш дом. Тука противникот кој и да е не се чувствува лагодно. Тоа ние играчите го знаеме. Мора да го покажеме нашиот идентитет како тим, како национален состав. Македонија тука во Скопје секогаш играла мотивирано, инспирирано, со срце. Тоа ни е потребно и сега. Само така, и со поддршка од навивачите можеме до позитивен резултат. – додаде капитенот Енис Барди.










