Дисциплинска комисија при ФФM: Вардар повторно на „тапет“, слаба организација на мечот со Арачиново

178
ФОТО: FFM.MK

Само што ја одработи казната за слаба организација на мечот со Арсими, при што Вардар беше казнет со меч без публика, Дисциплинската комисија при ФФМ повторно го има на дневен ред актуелниот првак.

Овојпат во прашање е токму дуелот кој што Вардар го одугра без публика, а тоа е оној против тимот на Шкендија Арачиново.

„Против ФК „Вардар“ се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација, односно присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против ФК „Шкендија Арачиново 77“ – објави Фудбалската Федерација на Македонија предмалку.

Каква ќе биде санкцијата ќе видиме во следните денови. Репрезентативната пауза која што е актуелна во моментов дава простор за одлука.

Одлуките од најновата седница на Дисциплинската комисија при ФФМ ви ги пренесуваме во целост:

– Фудбалерот на ФК „Охрид Лихнидос“, Дамјан Масевски, се казнува со забрана за настап на четири натпревари.

– Фудбалерот на ФК „Аресими 1973“, Муслими Мухарем се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

– ФК „Брегалница 2008“ се казнува со парична казна во износ од 150 евра поради користење на една бакља на натпреварот со ФК Силекс во Кратово.

– Против ФК „Брегалница 2008“ се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства на натпреварот против ФК „Скопје“ АД.

– Против ФК „Вардар“ се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација, односно присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против ФК „Шкендија Арачиново 77“.

– Комет администраторот на ФК „Шкендија Арачиново 77“ АД, Исуф Бајрами, се казнува со забрана за вршење функција во траење од шест месеци, поради неспортски, понижувачки и вулгарен однос, како и вербален напад врз судиите на натпреварот ФК „Вардар“ – ФК „Шкендија Арачиново 77“.

 

ПретходноПромена во одбојкарскиот прволигашки систем: бараж за Прва А и Прва Б лига
СледноРасел ќе тргне прв на утрешната Формула 1 трка во Азербејџан