Јакин: Знаеме што може Македонија, но добро знаеме што можеме ние

121

Репрезентацијата на Швајцарија е нашиот прв предизвик во најновото издание на Лигата на Нациите, Б дизивија, во која што Македонија уште е во групата на Словенија односно Шкотка.

Нашиот национален тим се подготвува веќе неколку дена во домашни услови, а противникот денеска пристигна во Скопје, и ја одржа официјалната прес конференција пред утрешниот дуел на Арената Тодор Проески во Скопје кој што стартува од 20:45 часот.

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, четвртфиналистот од последниот Мундијал не може да смета на неколку, Џака, Окафор, но и натаму ова е сериозна селекција во секаков момент и ситуација.

„Утре ќе ни фалат клучни играчи. Поради парична казна ќе недоставува Емболо. Подготвени сме. Во Турција работевме добро“  – рече селекторот Јакин па додаде.

„Не е невообичаено да промашиме тренинг, што се однесува до не одработувањето на официјален тренинг вечерва. Бевме во Турција, одработевме добро и подготвени сме“ – додаде селекторот.

„Во оваа група нема лесен противник, респект за Македонија. Очекувам Македонија да го покаже што може. Утре можеме да очекуваме интересен меч, со тоа што ние знаеме што може, а што не може Македонија. Знаеме добро што да очекуваме. Ние сме учесници на последниот Мундијал. Имаме доста нови играчи кои ќе добијат сигурно шанса на овој или некој друг меч“ – поентира селекторот Јакин.

 

ПретходноПрв пораз за Македонија, Црна Гора со прва победа во Охрид
СледноЈашари: Македонија ме побара, но за мене постои само една држава, Швајцарија