Вечерва во Битола во меч од 4.коло во ракометната Суперлига, Пелистер со 35:24 успеа да слави против “помалиот брат“, составот на Плеистер 2. Ова за тимот на Лино Червар е трета победа, имаат и едно реми.
Инаку големиот фаворит не го започна мечот најдобро. Младите ракометари на “вториот“ Пелистер беа мотивирани да покажат што знаат, едноставно да се покажат и на почетокот имаа водство кое траеше се до 15.минута од првиот дел, беше 6:7. Сепак според очекувањата кога Кузмановски и дружина префрлија во повисока брзина, дојде до пресврт, а набргу и до билдање на разликата. На пауза се замина со 16:12.
Во продолжение првиот тим на Пелистер уште повеќе го засили ритамот, во офаа фаза постигна 19 голови и на крајот дојде до убедлива и очекувана победа.
Калајџиоски со 6/6 беше најефикасен во победничкиот тим, пет голови запиша Мартин Серафимов, а капитенот Филип Кузмановски застана на четири.
Кај поразениот состав Христијан Митревски со 8 голови имаше забележителна партија.










