Толку од Муарем Муарем како тренер на Скопје

159

Последнопласираниот тим на ПМФЛ табелата, екипата на Скопје во оваа репрезентативна пауза остана без тренер.

Муарем Муарем преку социјалните мрежи предмалку објави дека се разделува со клубот од Автокоманда, и на „Пиратите“ им посакува се најдобро во преостанатиот дел од шампионатот.

За потсетување, Скопје во моментов има само три освоени бода по осум одиграни мечеви, и е на последната десетта позиција на табелата.

Тоа е клубот, кој што оваа сезона се пласираше ранг погоре, односно е повратник во елитата, но очигледно дека ќе има проблеми да остане со овој статус.

 

ПретходноРасел ќе тргне прв на утрешната Формула 1 трка во Азербејџан
СледноЛига Нации: Зидан денеска ќе го има своето деби, “новата“ Италија против Белгија