Барди е нашиот најдобар стрелец во Лигата на Нациите

103

Головите се проблем за македонскиот фудбалски национален тим во моментов. Веќе неколку мечеви како не се тресе противничката мрежа, па нормално е, кога станува збор за ова прашање да бидеме и загрижени пред стартот на најновото издание од Лигата на Нациите за нас.

Вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:45 часот ја пречекуваме Швајцарија во рамките од првото коло. Ако сакаме поволен резултат, секако дека мора да реализираме. Тука се напаѓачите, тука се и офанзивните играчи за врска, но не ретко и стоперите, дефанзивците знаеле да погодат кога било најпотребно.

Конкренто, кога е во прашање Лигата на Нациите, ова е петто нејзино издание. Македонија нормално беше дел од сите изминати, но разликата е во тоа што не секогаш беше во ист дивизија.

Сме имале добри издание, сме имале и лоши, а што се однесува до головите, статистиката вели следново.

Капитенот Енис Барди е нашиот најефикасен репрезенаттивец во ова натпреаврување. Тој има вкупно шест постигнати голови, по два во три поединечни изданија на ЛН.

Следен е Езџијан Алиоски, кој што има гол помалку, односно пет. Следен од сеуште активните репрезентативци е Бојан Миовски кој што во моментов има застанато на четири. Следуваат оние кои што веќе не се дел од А националниот тим. Илија Несторовски застана исто така на четири гола, додека пак Александар Трајковски и Горан Пандев реализирале по три пати. Иван Тричковски на два пати се запишал во листата на стрелците, листата на оние кои што постигнале по еден гол е поприлично голема.

 

 

ПретходноШвајцарија на официјалниот состанок со барање: Тревата да се искоси на стандардните три сантиметри
СледноСањол повеќе не е селектор на Грузија