Македонија во понеделник ќе го дознае првиот противник во Дејвис купот за 2027

30

Извлекувањето на паровите за плеј оф мечевите од Светската група I и II за Дејвис купот за 2027 година ќе се одржи во понеделник на 28.септември во Лондон. Во ждрепката ќе учествуваат 52 репрезентации и ќе се играат 26 меча низ целиот свет.

Македонските тенисери се дел од Светската група II и рангирани се како „неносители“ за едно со селекциите на: Бермуда, Бурунди, Гватемала, Иран, Јордан, Молдавија, Намибија, Нигерија, Порторико, Саудиска Арабија, Сенегал и Венецуела.

Во групата „носители“ и потенцијални ривали се: Израел, Египет, Хонгконг, Естонија, Салвадор, Пакистан, Јужна Африка, Тајланд, Кипар, Летонија, Сирија, Барбадос и Индонезија.

Мечевите од првото плеј-оф коло се планирани да се играат на 5-6.февруари или 6-7.февруари, а домаќинот кој ќе биде одреден со извлекувањето има право да го одреди терминот.

Победниците од мечевите од Светската група II во следната рунда ќе играат со поразени од мечевите од Светската група I, додека поразените од Светската група II ќе се натпреваруваат во регионите каде што припаѓаат во Групата III во текот на годината.

ПретходноПремиерлига, Ла Лига, Серија А и Бундеслига удираат на ФИФА
СледноВечерва Дијамантот по 80-ти пат ќе игра за Македонија