Репрезентацијата на Македонија не успеа да се справи со предизвикот наречен Швајцарија, и во рамките од првото коло од Лигата на Нациите Б дивизија, во Скопје на Арената Тодор Проески во Скопје вечерва загуби со 0:3.
Она што вечерва Македонија го одигра е пример како не треба. Швајцарија е силна, но Македонија не упати удар во рамките на голот на противникот во вистинска смисла.
„Честитски за Швајцарија. Сериозен тим. Ние треба многу да работиме, да учиме. Сакаме нешто да подмладиме, полека и тоа ќе се случи. Да, не упативме удар на гол, но Швајцарија е светска велесила. И јас како играч кога бев дел од селекцијата, морам да признаам, можеби посилен национален состав не гостувал во Скопје“ – рече Седлоски.
„Едноставно предоминантни. Сите дуели одземени. Ние не смееме да дозволиме такви голови да примаме. Од наши грешки. На секоја позиција Швајцарија има светска класа играчи. Од некои играчи сепак, не видов карактер. Можеби е тоа што не играат во клубовите. Гаштаров е пример како треба да се игра за репрезентација. Во следните мечеви дефимнитивно ќе добијат шанса и помладите. Од некои играчи едноставно не сум задоволен. Така не смее. И тоа ќе биде санкцонирано. Да јас сум селектор, одговорноста е моја. Но неколку играчи едноставно потфрлија“ – рече Седлоски.
„Излеговме со двајца напаѓачи. Не се поставија како што посакував.Едноставно мора да има трка, мора да се бориме. Да одигравме позатворено, критиките ќе беа зошто не сме одигеале офанзивно. Ете, игравме поотворено, не постигнуваме гол. Да се консолидираме во главите ќе процениме што и како понатаму, за против Словенија“ – поентираше Седлоски.










