Тукушто заврши најновото издание на Формула 1 шампионатот, во име на трката во Баку, Азербејџан. Прекрасен настан на улиците на главниот град на оваа земја, кој што го одбележа Џорџ Расел, кој што ја имаше пол позицијата на стартот на трката, а воедно и успеа да победи на истата.
Тој во ниту еден момент не го испушти лидерското место и заслужено победи на оваа доста интензивна и интересна трка.
На втората позиција се пласираше Макс Верстапен со заостанување од 0.196 делови од секундата, додека пак на третото место на пиедесталот се искачи Исак Хаџар со заостанување од преку десет секунди.
Во генералниот пласман води Кими Андреа Антонели со 292 поени, додека втор е токму Расел со 211. На третата позиција е пласиран засега Луис Хамилтон со 191 бод.










