Работнички се збогува со Милевска, Баталаковска, Ѓурѓевиќ и Балов

66

По освоената шампионска титула и пред стартот на новата сезона во која ќе има и европски предизвици, ОК Работнички се збогува со неколку свои досегашните одбојкарки, на кои им посака многу успеси во продолжението на нивните кариери.

Работнички се збогува со Андротеа Милевска, Антонија Баталаковска, Ирма Ѓурѓевиќ и Јана Балов. Четирите првотимки следната сезона ќе имаат нови клупски предизвици.

„Од Работнички не заминувате само како наши поранешни одбојкарки – заминувате како дел од нашата шампионска приказна“, порачаа од клубот.

Работнички им посака на своите досегашни членки многу здравје, успеси и нови победи во нивните нови средини, заблагодарувајќи им се за сè што направија за клубот.

ПретходноМРК Куманово во драматичен финиш до бод против Мулти Есенс
СледноМерцедес го престигна Ферари на вечната листа на победници во Ф1