Боштјан Цесар: Заедно игравме со Седлоски, го познавам добро, сакам победа на Словенија утре!

111
ФОТО:instagram

Утре од 20:45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во меч од 2.коло во Б Лигата на Нации се среќаваат Словенија и Македонија. Во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар денеска на пресот имаше селекторот на Словенијам Боштјан Цесар. Интересно е тоа што тој со Гоце Седлоски го врзува големо пријателство уште од времего кога играа заедно во Динамо Загреб.

“Играв со Седлоски. Се сретнавме пред летото, а разговаравме и за ждрепката. Го познавам добро и добро го анализиравме противникот. Со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар и повторното гледање со селекторот на Македонија.

Дали вие двајца се обложивте?

“Не, тука нема облози. Теренот одлучува тука. Секако, двајцата сакаме да победиме, но се надевам дека овој пат ќе Словенија ќе победи“

Македонците беа навистина лоши по натпреварот против Швајцарија. Дали ова може да биде стапица за Словенија? Дали некој ранет лав ќе дојде да бара одговор за оваа лоша игра?

“Македонија игра добро во последните години, играа и во дополнителни квалификации за Светското првенство. Влегоа во групата Б, тие се добар тим со врвни поединци. Мораме да бидеме навистина физички добро подготвени, бидејќи нема да биде полесен натпревар отколку што беше против Шкотска. Мора да го подигнеме нашето ниво уште повисоко. Би рекол дека мора да бидеме „убијци“ во напаѓачката фаза. Од друга страна, мора добро да ги контролираме и нивните напаѓачи, бидејќи знаеме дека играат многу високо, не се враќаат и играат брзи контранапади“ посочи Цесар.

ПретходноИрците одбија да се ракуваат со Израелците, па потоа ги демолираа (ВИДЕО)
СледноЕХФ Куп: Алкалоид првиот меч со Ферлах го игра дома на 17 октомври, Бутел прво гостува