Дерби во СЦ „Јане Сандански“: Вардар ги пушти во продажба билетите за пресметката со ГРК Охрид

197

Вардар на 3 октомври го пречекува Охрид во натпревар од 5. коло во Супер лигата. Актуелниот македонски првак заедно со Алкалоид имаат четири победи во исто толку одиграни натпревари, па токму пред домашната публика сака да ја продолжи оваа серија.

Сите детали околу овој натпревари ви ги споделуваме во продолжение:

„Во продажба се пуштени билетите за средбата, која ќе се одигра со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Пред црвено-црните е нов важен домашен предизвик, а поддршката од трибините повторно ќе биде значаен дел од борбата за нова победа.

Продажбата на билетите се одвива онлајн преку vtickets.mk.
 Линк за купување билет:
Цените на билетите, во зависност од избраниот блок, се:
– 300 денари
– 400 денари
– 500 денари
Обезбедете го своето место навреме и бидете со Вардар на уште еден домашен натпревар.

Да го исполниме „Јане Сандански“ и заедно да одиме по нова победа„, порачаа од Вардар.

ПретходноБастијан Швајнштајгер со критика: Германија веќе не е врвна репрезентација!
СледноВидеолотарија Касинос Австрија партнер на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“