Димитриевски: Словенците се одлични, но се надевам дека ќе останам со чиста мрежа

79

Најдобиот наш фудбалер на првиот натпревар од Лигата на нации против Швајцарија во Скопје, голманот Столе Димитриевски верува дека против селекцијата на Словенија, Македонија ќе одигра еден поинаков натпревар.

„Не одигравме најдобро против Швајцарија, но утре не очекува нов натпревар и веќе сме максимално фокусирани на новиот дуел. Словенците се одличен тим, Јан Облак е еден од најдобрите европски голмани во изминатата деценија, а се надевам дека мојата мрежа нема да се тресе и дека ќе се радуваме на успех”, истакна Димитриевски.

Натпреварот со Словенците се игра утре на стадионот „Стожице“ од 20.45 часот.

ПретходноУтре против Словенците без Алиоски
СледноЈувентус го врати голманот кој бранеше во Торино пред 9 години