Втор пораз во низа на Игор Ангеловски Мрме како селектор на Таџикистан. Откако неговите избраници пред неколку дена беа поразени од Азебјеџан, денеска Таџикистан поразен и од Палестина со 2:4, исто во пријателски натпревар.
Инаку ова беше вкупно четврти меч на Ангеловски како селектор на Таџикистан.
Веќе за неколку дена, избраниците на некогашниот селектор на Македонија, ќе имаат нов натпревар и тоа против Кина.
Да потсетиме дека Ангеловски од пред некој месец е селектор на на најдобрата фудбалска селекција на оваа азиска земја.










