Пријателска У-21: Четири “пенали“ на Стојчевски и победа на Русија (ФОТО)

690

Македонија – Русија 2:3 во пријателски меч на селекции до 21 година, кој се одигра попладнево на ФФМ во Скопје. Ова значи дека новиот селектор на нашата репрезентација, Александар Таневски, тргна со пораз.

Интересно е да се каже дека дури четири од петте голови паднаа од удари од белата точка. Игор Стојчевски и тоа како беше расположен да “дува“ пенали. Навистина пеналите беа “смешни“, но тоа е тоа.

Македонија имаше свои шанси, па и зицери, пред се на Мехмед, Масларов, Манојлов, ама гостите поведоа со голот на Окишор од пенал. Во 57.минута Бобер погоди за 0:2, исто од белата точка.

Ташовски намали во 79.минута од пенал на 1:2, додека на 1:3 зголеми по Ахмедов само две минути подоцна. Конечните 2:3 беа дело на Ташовски, исто од пенал, ова беше негов втор гол.

Светла точка во нашиот табор беше голманот Вргов.

Веќе на 1 октомври во Битола во рамките на квалификациите за ЕП играме со Црна Гора, додека четири дена подоцна гостуваме кај Шведска.

За Македонија настапија: Вргов, Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Масларов, Хоџа, Манојлов, Џангаровски и Мехмед.

Играа уште и: Митрев, Танчев, Димовски, Трпевски, Арифи, Ташев, Ташовски.

За Русија настапија: Терековски, Бабакин, Платонов, Брдачев, Кмарин, Умников, Комисарев, Бондарев, Помаљук, Окишор, Бобер.

Играа уште: Кондаков, Пополитов, Глотов, Чевардин, Касаџиков, Ахмедов.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноКапитенот на Израел: Да им кажам на Ирците дека мојата земја е десет пати подобра, поубава, посилна од нивната…
СледноОдегард за ѕвездата на Реал: “Тој направи валкан потег, срамно е луѓето да се однесуваат така!“ (ВИДЕО)