Седлоски: Против Словенија можеме и мораме многу подобро

76

По убедливиот пораз од Швајцарија во првиот меч од Лигата на нации, селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски најавува промени во составот на Македонија за утрешниот натпревар со Словенија во Љубљана.

Вечерва на официјалната прес-конференција, Седлоски најави дека ќе ротира и дека повеќе фудбалери ќе добијат шанса, со оглед на густиот распоред и четирите натпревари во краток период.

„Подготвени сме, мора да кажам дека имам златни фудбалери, од кои очекувам да одиграат квалитетно и сите заедно да стигнеме до посакуваниот резултат. Имаме респект за Словенија, тие се силна селекција, го анализиравме нивниот последен меч против Шкотска и се надевам дека ќе покажеме многу повеќе од првиот меч. Верувам дека можеме многу подобро, атмосферата е на посакувано ниво, а ќе има и одредени освежувања во тимот”, изјави селекторот Гоце Седлоски.

ПретходноМурињо имал понуда да ја преземе Португалија, но се одлучил за Реал
СледноУтре против Словенците без Алиоски