Македонската кикбокс репрезентација оствари извонреден резултат на ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија, освојувајќи 3 златни и 2 бронзени медали во силна конкуренција од над 2.800 натпреварувачи од 74 држави!
Златни медали:
Томи Андонов (K1 / YJ M +81 kg)
Калин Бабоски (LK / OJ M -63.5 kg)
Глигор Николов (LK / YJ M -67 kg)
Бронзени медали:
Драгица Глигорова (KL / OC F +65 kg)
Петар Лозановски (LK / YJ M -60 kg)
По враќањето од Италија, младите шампиони беа на свечен прием во Македонскиот олимписки комитет, каде што беа топло пречекани од претседателот Даниел Димевски и раководител на сектор спорт Петар Спасеновски.
Македонскиот олимписки комитет упатува огромни честитки до сите репрезентативци, стручниот штаб и Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко. Овие млади спортисти уште еднаш потврдија дека се вистински спортски амбасадори на нашата земја!
Браво шампиони!










