Македонската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во рамките од третото коло од најновата Лига на Нации во Љубљана на стадионот Стожице од 20:45 го игра дуелот против домаќинот Словенија.
Нашиот национален тим од вчера е во Словенија, а полека но сигурно денеска пристгинуваат и навивачите.
Секако од сите страни на Европа, затоа што дијаспората која што ја имаме во голем број секогаш била тука за националниот тим, каде и да сем играле. Во Германија, Австрија, Италија, па сигурни сме дека ќе биде присатна и денеска во Словенија.
Токму поради тоа, домаќинот обезбеди како што е тоа и вообичаено, фан зона за нашите навивачи во центарот на Љубљана.










