Аломеровиќ и Младеновски во “црвена зона”

473

Македонија синоќа го претрпе и вториот пораз во Лигата на нации. Тимот предводен од Гоце Седлоски прими два гола на гостувањето во Словенија, а повторно не успеа да постигне ниту еден.

Гледајќи ги оценките на нашите репрезентативци, добиваме јасен поглед на она што се случува во репрезентацијата. Аломеровиќ и Младеновски имаа најлоши оценки, а наш најдобро оценет фудбалер е Лука Станковски кој влезе од клупата.

Особено лошо оценет беше настапот на нашиот лев бек, каде очигледно вчера дуваше „промаја“ во нашата играчка концепција.

ПретходноСловенецот за Македонија: Не ни треба еуфорија, тие не се репрезентација од највисока класа
СледноЃузелов му порача на Седлоски: “Оди си не се мачи, дај си оставка!”